Press "Enter" to skip to content

Понудата доставена до Општина Битола, преговорите во тек, дали ФК Пелистер ќе има нов газда ќе се знае во вторник

По преговори со неколку можни купци на мнозинскиот дел на акциите на фудбалскиот клуб Пелистер, најзаинтересирана за купување на 75 проценти од акциите е компанија од Велика Британија, со која од Општина Битола, како неофицијално се дознава се преговара за деталите.

Компанијата “Максико Деларосо Лимитед“ со седиште во Лондон, Англија, има испратено понуда од Општина Битола за да ги откупи акциите на ФК Пелистер. Во писмото. Оваа фирма сака да купи 75% од акциите на ФК Пелистер, додека останатите 25% може да ги добие друг партнер.

Од лондонската компанија, се заинтересирани од Пелистер да биде екипа во врвот, како и подготвеност за други проекти за Општина Битола, не само на фудбалски план, затоа што од компанијата ветуваат дека ќе инвестираат и на други места, а секако и расчистување на  актуелните долгови на клубот. 

Дали ќе дојде дојде до реализација на овој нов фудбалски проект ќе знаеме уште во вторник, за кога е закажана Седница на Советот на Општина Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »