Press "Enter" to skip to content

Верници од Битола на Поклониско патување од Лескоец, Ресенско преку Галичица, до манастирот “Св. Наум“ (видео + фотогалерија)

-Поклониското патување до гробот на Свети Наум Чудотворец, е патување кое може само да се доживее, а тешко е да се опише, велат верниците од Битола кои овој пат пеш, го поминаа за 11 часа, во чест и слава на Светецот, а беше организирано по 13 пат.Големиот верски празник посветен на светецот Св. Наум, Охридски, Чудотворец, беше повод група од педесетина верници од Битола, заедно со жители од други градови на нашата земја, да тргнат по патот по кој некогаш патувал големиот светец, преку планината Галичица.За тоа како “помина“ патот до манастирот “Св. Наум“ водачите на групата Жарко  Ѓуровски и Драги Атанасовски ни рекоа:

-Традицијата продолжува, а ние верниците, тринаесетти пат по ред, “Пешки до “Св. Наум““, на гости кај големиот охридски чудотворец, Св.Наум, нашата најголема светиња и поклонение пред неговите свети и чудотворни мошти. Ние го поминавме патот по кој оделе пешки нашите предци од пред стотици години, од стотици километри од сите краишта на Македонија, а последната етапа од патувањето се оди пешки преку Галичица, под сенките  на високата букова шума, а за самиот пат додаваат:-Почетокот на ова патување започна во 4 часот наутро со зборно место пред хотелот “Епинал“ во Битола, за да продолжи со  пешачење од селото Лескоец (Ресенско), преку националниот парк “Галичица“, селото Љубаништа и крајна точка манастирот “Свети Наум“. Во текот на патувањето кое траеше околу 11 часа, верниците изминаа пат од 20 километри, но силната желба и вербата во чудата на Свети Наум не ги поколебаа ниту за миг да се откажат од долгиот и чудесен пат.При слегувањето од планината кон Охридското Езеро, верниците ја имаа пред себе живописната зимзелена шума, крајбрежјето, “плавилото“ на водата на Охридското Езеро, а сето тоа правеше патот да е лесен и динамичен, бидејќи Бог преку Свети Наум дава сила и воља да се издржи, а педестина верници издржаа. Потоа сите преспааа во дворот на манастирот, како тоа го правеле нивните предци, а утрото на 3 јули, сите беа заедно на богослужбата, Свечената Боженствена Литургија.По молитвите на Свети Наум Охридски, господе Исусе Христе, помилуј не нас грешните, изјавија водачите на групата, заедно со сите кои ги следеа.Инаку, големиот христијански празник Св. Наум Чудотворец секоја година се празнува на 3 јули. Овој светец потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон Христијнатвото тој се откажал од наследството и се замонашил.  Свети Наум бил најмладиот ученик на Светите Кирил и Методиј.

По смртта Св. Наум бил канонизиран за светец, поради чудата кои се случувале на неговиот гроб во манастирот што се наоѓа на брегот на Охридското Езеро

Сунчица Бендевска  

More from ВестиMore posts in Вести »