Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: ликовната колонија “Де Ниро“ културен бренд на Битола (фотогалерија)

-Ликовната колинија “Де Ниро“ од Битола, која заслужено ги носи епитетите, реномирана, призната, меѓународна, пред 10 години го одржа своето 7. издание, а во 2011 година собра врвни ликовни уметници од целиот свет, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.7. издание на колонијата “Де Ниро“ беше затворено со изложба на на која беа поставени триесет експонати од вкупно 18 автори учесници на колонијата, а во рамки на изложбата беше одржан омаж во чест на покојниот и почесен член и учесник на четвртата по ред колонија, ликовен уметник со светско реноме Милорад – Бата Михајлович, за чии дела
пред присутните говореше Глигор Чемерски, додава Миновски.Дека ликовната колонија “Де Ниро“ не случајно некои од гостите ја нарекуваа битолски културен бренд, зборува и фактот дека неуморниот Драги Филевски и неговата сопруга Силвана, основачи на Колонијата и нејзини поддржувачи, не останува само на ликовниот дел, туку организираа и други пропратни настани, со цел збогатување на содржините. -На затворањеро во 2011 година, во пицеријата “Де Ниро“ се одржа камерна изложба
на  уметникот од Виетнам, Нгуен Кан Тоан. Претходно во Битола беше организирана тркалезна маса на која се  говореше за важноста и суштината од појавата до денес на ликовните колонии во Македонија и пошироко, како место за дружење и творење на ликовните уметници. Гостите го посетија Охрид, Крушево, Курбиново, се дружеа во Потпелистерието,  вели Миновски.Инаку, да потсетиме на Колонијата во 2011 година активно учество зедоа 21 уметник од 8 земји. Покрај од Македонија учествуваа уметници од Англија, Германија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Виетнам, а ликовните уметници го збогатија фондот на “Де Ниро“ со педесетина нови ликовни дела.