Press "Enter" to skip to content

ФК Јенимале за крајот на сезоната, прво свечена седница на УО, потоа забава (фото)

Фудбалерите на еден од ретките аматерски клубови Јени Мале од Битола, кој функционира во истоимената населба во Битола, во свој стил, ја завршија и оваа сезона за настапите во општинската “А“ лига, со прослава, која поради прекинот на натпреварите ја завршија пред време, а останаа со истиот статус општински А-лигаш. Како и годините претходно, овој пат на отворено, на терасата на ресторанот “Вила Виста“ над Битола, поради ковид протоколите, забавата со своето присуство ја збогатија македонските фудбалски легенди Митко Стојковски и Тони Мицевски. Самото нивно присуство за клубот од Битола има големо значење од повеќе аспекти, но примарен е фактот што токму овие фудбалски легенди се инспирација и мотив кај младите играчи на Јени Маале.Како и претходните години, така и овој пат Свечената седница  ја отвори капитенот на клубот Никола Пискачев кој што во своето обраќање не заборави да му се заблагодари на спонзорите т.е. лицата кои го помагаат клубот, во прв ред,  Горан Лукач кој што живее и работи во Австралија, а потоа и на Николче Симоновски – Јошката кој што исто така од неодамна живее во оваа прекуокеанска земја за нивната несебична поддршка изминативе години.Во своето обраќање капитенот на екипата посвети внимание и на најдобрите поединци во различни категории за изминатава натпреварувачка сезона 2020/2021 и тоа: Андреј Лозановски – најдобар напаѓач, Васко Наумовски – најдобар стрелец, Боби Думевски – најдобар дебитант, Бобан Богдановски – најдобар одбрамбен играч.Маријан Златевски – најдобар среден играч, Игор Томовски – најдобар голман и Никола Пискачев – “МВП“ на сезоната.Петар Ристевски – доби награда дрес од клубот во трајна сопственост за неговиот ангажман како на теренот, така и надвор од него, посебно во делот на логистика која е клучна во моментите на организација на еден натпревар. За сите наградени фудбалери, клубот обезбеди скромни награди како една благодарност и внимание за нивната посветеност. Претседателот на клубот Благој Делев изрази искрена благодарност до сите играчи кои придонесуваат и кои придонеле во развојот и опстојувањето на клубот низ годините.Дополнително, во своето излагање претседателот на клубот не заборави да им се заблагодари на лицата кои медиумски го покриваат ФК. Јени Маале, а тоа првенствено е битолскиот портал  bitolanews.mk и на Горан Талевски кој што е задолжен за презентација на активностите на клубот на социјалните мрежи.Претседателот изрази надеж дека годинава што следува фудбалот ќе се игра без некои посебни потешкотии и без прекини, односно дека конечно ќе се стави крај на пандемијата. Во таа насока најави дека клубот ќе ги започне подготовките на крајот од месец јули или првата недела од август и дека се планирани неколку контролни натпревари, првенствено со екипата на Работнички од Скопје (младински категории) како и со екипа од Куманово.Потоа следуваше традиционалната забава која со песна ја отвори поранешниот репрезентативец Тони Мицевски, со песната “Ако одам во Битола“. На забавата традиционално за убавото расположение се погрижија “Џокер бенд“ од Битола, а активни беа и фудбалерите Андреј Лозановски и Петар Ристевски, кои се покажаа и во друго надвор од теренот издание.

Текст и фото: С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »