Press "Enter" to skip to content

Капинковски попладне ќе прозива под Тумбекафе, Пелистер започнува со подготовките

Според најавите од фудбалскиот клуб Пелистер, попладне, на стадионот под Тумбекафе во Битола, со прозивката на тренерот Димитар Капинковски, ќе стартуваат подготовките за наредната сезона на прволигашот од Битола, на околу еден месец пред стартот.

Екипата на Пелистер, според најавите, следната недела треба играчки да се комплетира, а денес за старуваат во очекување на официјалната продажба на клубот на британска компанија.

Денес се очекува на првиот тренинг да се појават Борче Маневски, голманот Филип Трајчевски, Бошковски, Принц Ампонсах, Размоски, Мики Талевски… како и дел од младинкиот погон, а до крајот на следната недела се очекуваат десетина нови имиња, странски и домашни засилувања.

Детали од договорот со новиот сопственик се очекува да има утре, за кога е закажана седницата на Советот на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »