Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади, нападнати вработени во затвор од притвореник, пукање во куче, сообраќајни контроли

На 04.07.2021 во СВР Битола 43-годишна жена од Битола пријави дека во нивниот дом била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.07.2021 во СВР Битола С.Б (41), Љ.Т.(51), И.П.(46), сите од Битола, вработени во Казнено- поправната установа Затвор Битола, пријавија дека додека биле на работно место, биле физички нападнати од страна на притвореник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.07.2021 во СВР Битола 56-годишна жена од Битола пријави дека нејзиниот сопруг физички ги нападнал нивните деца. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што ќе следува соодветен поднесок.

На 04.07.2021 во СВР Битола, Д.К.(21) од Битола пријавил дека на ул.„16-та“ маж со пушка пукал во куче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во периодот од 02 до 04.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 163 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 48 возачи управувале возило без возачка дозвола, 10 возила биле со измината регистрација, седум возачи разговарале на мобилен телефон, 20 возачи управувале возило под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »