Press "Enter" to skip to content

Се испразни инфективното одделение, нема пациенти болни од ковид-19, денес нема позитивни и оздравени

Во последните 24 часа се направени 2.873 тестирање, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19, а во нив нема од Битола.

Регистрирани се 4 оздравени пациенти, нема од Битола.

Денес, вторник, по повеќе од една година, нема пациенти на Инфективното одделение, односно нема ниту еден пациент кој се лекува од коронавирус. Да потсетиме најмногу имаше  околу 170 пациенти за време на третиот бран во април.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се преку Битола 30 и преку “Плодност“  18 ковид тестови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.

More from ВестиMore posts in Вести »