Press "Enter" to skip to content

ЕСМ додели 10 стипендии на студенти од Техничкиот факултет во Битола

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски доделија 10 договори за стипендии на студенти од Техничкиот факултет – Битола. Четворица студенти кои го завршиле првиот семестар на студии со потребниот просек за првпат станаа наши стипендисти, а со други шест студенти ги продолживме договорите откако ги оствариле потребните резултати.-Денеска на Техничкиот факултет во Битола потпишавме договори за стипендирање со десет студенти. Четири студенти кои го завршиле првиот семестар на студии со потребниот просек за првпат стануваат наши стипендисти, а со останатите шест студенти ги продолжуваме договорите откако ги оствариле потребните резултати. Среќен сум што како државна компанија ја покажуваме уште еднаш општествената одговорност и инвестираме не само во нашето производство и капацитетите, туку и во образованието, во здравството, културата, спортот. Посебно со овој пример, инвестираме во младите, тие да останат тука, во државата, да ја градат својата иднина овде, посебно во нашата компанија и тоа ќе значи додадена вредности за нас и за државата, рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.-Вратите на РЕК Битола се секогаш широко отворени за бројните волонтери, практиканти и студенти. И токму од овие кадри во иднина очекуваме несебично да се вложат и да го подобрат производствениот процес во РЕК Битола, посебно имајќи во предвид дека во иднина не очекува и промена на технологијата на производство на електрична енергија. Од тој аспект, нам насушно ни е потребен квалитетен кадар. РЕК Битола беше, е и ќе остане столб на битолската економија и стопанство, но пред се, ќе остане основа и столб на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, рече директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски.АД ЕСМ годинава додели стипендии на 44 студенти од 6 фaкултети! 

More from ВестиMore posts in Вести »