Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарени две возила, физички напади, каснување од куче скитник, сообраќајни контроли

На 07.07.2021 околу 01.10 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Долно Оризари, битолско, било опожарено патничко моторно возило „ауди Аб“ сопственост на 35 годишно лице и патничко моторно возило „опел астра“ сопственост на друго лице.  Повредени лица нема. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

На 07.07.2021 во СВР Битола, А.П. (27) од с. Драгожани, битолско пријави дека во село Добрушево бил физички нападнат од страна на две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2021 во СВР Битола, 46-годишна жена од Битола пријави дека во нејзиниот дом во Битола нејзиниот постар син физички го нападнал нејзиниот малолетен син, при што користел и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2021 во СВР Битола, М.А. од с.Трново, битолско, пријави дека во селото била касната од куче скитник.

На 06.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 33 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, пет возила биле со измината регистрација, двајца возачи разговарале на мобилен телефон, шест возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што истите се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »