Press "Enter" to skip to content

И денес Битола без нови позитивни и оздравени на ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирање, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.

Регистрирани се 4 оздравени пациенти, нема од Битола.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 35 и “Плодност“ 20 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 900.165 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 156.

More from ВестиMore posts in Вести »