Press "Enter" to skip to content

Прв ден на “Балкан Гала Фестивал“, Камерниот оркестар и гостите ги оправдаа очекувањата на битолчани (мега фотогалерија)

Онака како и очекуваа битолчани од минута во мунута се загреваше атмосферата на ракометното игралиште во Битола, а кулминацијата беше настапот на Аки Ракимовски, пејачот на култната ЈУ – група “Парни Ваљак“, а Камерниот оркестар од Битола, уште еднаш го потврди реномето кое го има и од концерт до концерт го надградува.Првиот ден на “Балкан Гала Фестивал“ или “Рок синфонијата“ помина до одличен концерт и на останатите исполнувачи, а секако и на легендарниот Дадо Топиќ.На Ракометното игралиште придружувани од Камерниот оркестар настапија и Дани Димитровска, Михајло Трaјковски – Сак, Бранислав Николов – Фолтин, Жарко Јакимоски, Наташа Миха, Сашо – Паркети, Ирена Димовска, Елена Стојчевска.Аки Рахимовски настапот во Битола го започна со песната “Битола мој роден град“, а потоа следуваа познатите ЈУ хитови, во кои уживаа битолчани од неколку генерации, а иако се работи стари хитови и младите битолчани уживаа, како рекое, децата заедно со родителите. И останатите изведувачи се претставија со одлични изведби, некои со свои, а некои со познаи песни, кои сите ги знаеја и ги потпевнуваа. Оваа прва вечер на “Балкан Гала Фестивал“ кој е уникатен тридневен фестивал единствен на овие простори, сигурно ќе остане во сеќавање на сите кои беа присутни, а оние кои не дојдоа можат само да жалат за пропуштеното, но веќе за два дена ќе имаат и нова прилика да уживаат во Камерниот оркестар и неговите гости.А кога сме кај Камерниот оркестар кој брои трисетина музичари, предводени од диригентот Владимир Димовски, од него и музичарите битолчани очекуваат уште две нови изданија кои ќе се случат петок и во недела, а со тоа ќе се заокружат трите гала концерти со различна содржина.За петок се закажани “Хари Мата хари“ и Сергеј Четковиќ, Елена Ристевска, Ѓоко Таневски, Дарио…

More from КултураMore posts in Култура »