Press "Enter" to skip to content

Секоја чест за Камерниот оркестар, во првиот ред, “ВИП“ лица, лицата со попречености (фото)

На вчерашниот концерт на Камерниот оркестар од Битола, односно на првата вечер на “Балкан Гала Фестивал“ кој се одржа во ракометното игралипте во Битола, посебен третман на “ВИП“ личности имаа лицата со попреченост од Битола и околината.За овие лица организаторот имаше обезбедено столици – седишта во првиот ред, односно тоа беше единствениот ред на кој се седеше, а овие наши сограѓани имаа предност при влегувањето и сместувањето.

Оваа посебна група наши сограѓани уживаа во концертот и ги пееја песните кои изведуваа музичарите од Камерниот оркестар, пејачите, а на крајот од концертот заиграа пред бината. Вистинска ноќ за паметење, а тие ги наградуваа со аплаузи изедувачите, ги снимаа со мобилните телефони, правеа “селфи“ фотографии, а тоа го забележаа и на официјалната фејс-бук страна на ЦПЛИП “Порака“ од Битола.