Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, утре за некој степен посвежо

Денес, петок, 9 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот можност за појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 36 степени. УВ=9

Утре, сабота, 10 јули, во Битола, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 33 степени. УВ=8