Press "Enter" to skip to content

Едно лице денес е новозаразено во Битола со ковид-19, активни 6 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.960 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19, од кои едно лице е од Битола.

Регистрирани се 5 оздравени пациенти, нема од Битола, а според денешните бројки во Битола има 6 активни случаи.

Регистриран е еден починат пациент од Струмица.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 32 и преку “Плодност“ 18 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.

 
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
 
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68698, Активни 58
Куманово 8884, Активни 11
Прилеп 8328, Активни 5
Тетово 7278, Активни 38
Битола 6310, Активни 6
More from ВестиMore posts in Вести »