Press "Enter" to skip to content

Се возобновува семинарот за боречки вештини на Пелистер

Утре во организација на Аикидо федерацијата на Македонија, ќе се одржи државен семинар за реален аикидо, “Пелистер 2021“, а тоа ќе биде возобновување на традиционалниот семинар кој долги години се одржување на Пелистер кај Битола, а на почетокот беше организиран од џудо клубот Пелистер од Битола.

Иако се менува правниот субјект кој го организира семинарот, и утре, какао и во сите изминати повеќе од триесетина пати, најголем дел од организацијата ќе ја има мајсторот за боречки спортови, Ѓуро Илиќ, кој за утрешниот семинар ни рече:

-Целта е возобновување на традиционалниот меѓународен семинар „Пелистер“, а ние по подолгко време се враќаме на Пелистер. Оваа година поради состојбите кои се најмногу поради корона вирусот, семинарот е само со  тренерите, мајсторите  и  кандидат – мајсторите, а се надеваме дека ако се создадат услови уште во септември ќе вклучиме и спортисти. Целта на семинарот е  подигање  на  повисоко ниво квалитетот  на  техниките и договарање  на  активностите, согласно календарот  на федерацијата и Светскиот центар за релано аикидо, вели претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија, Ѓуро Илиќ, кој ќе раководи со овој семинар.

Семинарот ќе започне утре во Битола, во будо центарот, каде ќе биде првиот дел од семинарот, а потоа практичниот дел ќе се одржи на отворено во дворот на Инфо центарот на на националниот парк “Пелистер“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »