Press "Enter" to skip to content

Советот на Општина Битола ненадлежен, Пеце Стојчевски 75% од акциите на ФК Пелистер ќе ги продава на берза

Иако беше најавено дека на денешната седница на советот на Општина Битола ќе се донесе одлука за продавање на мнозинскиот пакет на акции на ФК Пелистер, таква точка не се најде на двевниот ред на седцицата која беше продолжение на седницата од вторникот.

Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски рече дека според законот за трговски друштва, градскиот совет не може да одлучува за акции кои се во приватна сопственост.

-Ги добив документите кои беа побарани, меѓутоа одлучив дека таква точка не е во надлежност на советот, бидејќи се работи за приватен капитал кој треба да се продава. Ќе ги известам приватните компании дека слободно на берза ќе можат да си ги продадат своите акции, бидејќи се работи за приватен капитал. Останатите 25% од акциите остануваат во сопственост на Општина Битола, односно според законот за трговски друштва, советот не може да одлучува за акции кои се во приватна сопственост. Ќе бидат известени фирмите кои ги имаат 75% од акциите дека можат да ги продадат акциите на берза, рече Груевски.

More from СпортMore posts in Спорт »