Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: две сообраќајки во Битола, тројца повредени

На 09.07.2021 во 13,45 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул. „Солунска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки управувано од 31 лице од село Другово-кичевско и мопед „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 40 годишник од Битола. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.

На 09.07.2021 во 16,10 часот било пријавено дека во Битола на ул. „Виенска“ мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 31 лице  од Битола удрил во 64 годишник од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »