Press "Enter" to skip to content

Ана Ристевска и тимот на “Јавен Адвертајзинг“: горди на нашиот нов, моќен и иновативен софтвер “Јaven HRM Software“

Жанета Ристевска

“Јавен адвертајзинг“ постои подолго од три години на пазарот како  како ИТ едукативна институција, софтверска компанија која се занимава со креирање на веб страни, софтверски решенија и продажба на сопствени равиени софтвери. После две години работа на нов софтвер „Дигитализација во процесот на управување со човекови ресурси“ Ана Ристевсека со својот тим може само да бидат горди на својот нов софтверски производ. Тоа беше и повод за разговор со Ана Ристевска, управител на “Јавен Адвертајзинг“ и нејзиниот тим, во нивните просториите во “Пелагонка 2“, каде и ги снимивме  фотографиите.

Во една позитивна атмосфера тимот на Ана Ристевска ни го презентираа новиот софтверски производ, а за тоа што е всушност Javen HRM софтвер велат:

-HRM софтверот е софтвер за менаџирање на човечките ресурси во различни видови на организации. Управување со задачите на вработените, доделување на задачи, преглед на досиеа на вработените, креирање на настани, следење на работно време, документи за секој сектор од организацијата, следење на потенцијални кандидати за вработување итн. се само дел од функционалностите кои ги овозможува овој софтвер. Исто така нешто што го прави овој софтвер доста интересен е тоа што е поделен на 3 делови за различни улоги во организацијата. Овој софтвер е наменет за средни и големи организации. Со негова помош се води целосна евиденција на вработените и нивните активности во организацијата.Колку време беше потребно да го креирате овој производ?

-HRM софтверот претставува чекор во делот на дигитализација и во процесот на управувањето со човечките ресурси. Нашиот тим работеше на овој софтвер скоро цели 2 години. Нашата цел беше да воведеме нов и уникатен производ на пазарот кој ќе биде наменет за голем број на организации. Како главна цел на овој проект беше да им помогнеме на сите видови на организации во менаџирањето со нивните вработени без разлика на нивната дејност и големина.

Што го прави овој софтвер уникатен?

-Софтверот е уникатен бидејќи на нашиот пазар до сега не е понудено вакво моќно и обемно софтверско решение за работа во секторот за управување со човечки ресурси и следење на извршувањето на задачите и перформансите на вработените. Софтверот е наменет за секаков вид на организации без разлика на дејноста или големината. Овој софтвер е сеопфатен софтвер за менаџирање со човечките ресурси кој детално ги опфаќа сите делови од работењето на секторот човечки ресурси. Исто така нашиот софтвер е регистриран во агенција за индустриска сопственост како наш производ со целосно авторско и материјално право.

Каде ќе се пласира овој производ?

-Со HRM софтверот започнавме со пласирање на Турскиот пазар, а сега е во процес и пласирањето на овој софтвер и на домашниот пазар. Воедно сме во преговори и со претставници и дистрибутери од некои од Европските земји со цел проширување на продажбата и на останати пазари.

Каде може да се добијат повеќе информации за софтверот?

-Софтверот е накратко објаснат и прикажан со слики на нашата веб страна https://javensoftware.com Исто така може да се закажe демо верзија односно презентација во живо или онлајн, каде лица кои се задолжени за продажба целосно и детално ќе го објаснат софтверот, неговите функционалности, како и придобивките кои може да се добијат доколку една организација го користи, како работата на вработените може да се направи поефективна, а од друга страна вработените да бидат задоволни и мотивирани правилно и навремено да ги извршуваат своите работни задачи. Исто така многу е важно да се напомени целосната контрола која ја овозможува овој софтвер за активностите кои им се потребни на менаџерот на човечки ресурси, за менаџерите и раководителите на сектори, како и за сите вработени.„Јавен Адвертајзинг“  е регистрирана и верифициранa институција за образование од страна на МОН и Центар за образование на возрасните, кои обуки ги нуди и кои други услуги ?

Јавен Адвертајзинг нуди обуки од областа на информатичките технологии, програмирање, дигиталниот маркетинг и графичкиот дизајн. Исто така се занимава и со креирање на веб страни, креирање на софтвери и водење на дигитален маркетинг. Изборот на видот на веб страната е според потребите на нашите потрошувачи. Креираме веб страни за голем број на приватни фирми и јавни установи, општини, државни институции и сл. Веб страните може да бидат информативни, комерцијални, или пак електронски продавници со можност за продажба на производи и услуги од секаков вид.

Воедно, Јавен Адвертајзинг има креирано свои брендирани софтверски решенија за архивско работење, за материјално работење, за транспортно работење, финансиско работење и работа со фискални каси, како и останати софтвери според барањата на клиентите. Се разбира тука и  нашиот нов софтвер којшто го воведовме на пазарот, а тоа е HRM софтверот, осносно софтверот за менаџирање со човечки ресурси.