Press "Enter" to skip to content

Џудо клубот Пелистер го возобнови семинарот за боречки спортови на Пелистер

На Пелистер, на отворено, во дворот на инфоцентарот на националниот парк “Пелистер“ од Битола, во организација на аикидо федерацијата на Македонија се одржа државен семинар за боречки вештини насловен “Пелистер 2021“, што значи возобновување на традиционалниот семинар кој долги години се одржување на Пелистер кај Битола, а иницијатор беше џудо клубот Пелистер од Битола.Организацијата во име на федерацијата ја презеде мајсторот за боречки спортови, Ѓуро Илиќ, кој за организацијата на семинарот рече:-Целта е возобновување на традиционалниот меѓународен семинар на Пелистер, па по подолгко време се враќаме на Пелистер. Оваа година поради состојбите кои се најмногу поради корона вирусот. Целта на семинарот е подигање на повисоко ниво квалитетот на техниките и договарање на активностите, согласно календарот на федерацијата и Светскиот центар за реален аикидо, ни рече претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија, Ѓуро Илиќ.Семинарот започна во будо центарот, а потоа практичниот се одржа на отворено во дворот на Инфо центарот на на националниот парк “Пелистер“, а секој од учесниците се здоби со диплома, а организаторот најави можност за друг семинар во септември, а претходно ќе се одржат сите предвидени активности на Аикидо федерацијата.

More from СпортMore posts in Спорт »