Press "Enter" to skip to content

Студирај на УКЛО – спој на традиција и квалитет, Технички факултет – Битола

Одлучи, вложи во себе, биди успешен – студирај на Технички Факултет Битола

Матуранти, вашиот професионален успех започнува тука. Технички Факултет Битола е вистински избор за вашата иднина. Шест децениска традиција во едукација на инженери без граници. Техничкиот факултет е вистинска ризница на висококвалитетен и обучен наставен кадар од областа на техничките науки, способен да oдговори на предизвиците на својата професија.

Еден факултет, повеќе можности, стипендии за најдобрите студенти 5 стипендии од ЕЛЕМ во висина од 6000 денари месечно, 5 стипендии од МЕПСО во висина од 6.000 денари месечно, 1 стипендија од ЕВН во висина од 6.000 денари месечно, 1 награда од МАКОСИГРЕ за најдобриот дипломиран студент на електротехничкиот отсек.

Техничкиот факултет е основан во 1977 година со трансформација на тогашната Виша техничка школа (1961). Влегува во состав на УКЛО од неговото основање во 1979 година. Техничкиот факултет реализира наставно-образовен процес во повеќе образовно-научни области и студиски програми, од коишто во академската 2021/2022, според конкурсот, https://www.uklo.edu.mk/news/view/1501 активни се:
 1. МАШИНСКИ ОТСЕК

Прв циклус

-студиска програма –Машинство – 4 годишни универзитетски студии – 240 ЕКТС
Модул – Енергетско машинство
Модул – Производно – конструктивно машинство и НУМА
Модул – Процесно машинство
-студиска програма – Енергетика и заштита на животната и работна средина– 4 годишни стручни студии -240 ЕКТС

Втор циклус
студиска програма – Машинство – 1 годишни универзитетски студии – 60 ЕКТС
Модул – Енергетско машинство
Модул – Производно – конструктивно машинство и НУМА
Модул – Процесно машинство
-студиска програма – Инженерство за заштита на животна и работна средина – 1 годишни универзитетски студии – 60 ЕКТС
Модул А – инженерство за заштита на животната средина
Модул Б – инженерство за безбедност и здравје при работа

Трет циклус

-студиска програма – Машинство – 3 годишни универзитетски студии – 180 ЕКТС
– Енергетика, процесна и термотехника
– Термоенергетика и животна средина
– Обновливи извори на енергија и животна средина
– Производно – конструктивно машинство и НУМА

2. ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ОТСЕК

Прв циклус

-студиска програма – Електроенергетски системи – 4 годишни академски студии –
240 ЕКТС

Втор циклус

-студиска програма – Електротехника – 1 годишни универзитетски студии – 60 ЕКТС
Модул – Електроенергетски системи
Модул – Системи за мерење и управување

3. ОТСЕК ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ

Прв циклус

-студиска програма – Сообраќајно – транспортно инженерство– 4 годишни
академски студии – 240 ЕКТС
Модул – Патен сообраќај и транспорт
Модул – Воздушен сообраќај и транспорт

-студиска програма – Сообраќајно- транспортни системи и технологии  – 4 годишни
академски студии – 240 ЕКТС

Втор циклус

-студиска програма – Сообраќајно – транспортно инженерство – 1 годишни
академски студии – 60 ЕКТС
Модул – Патен сообраќај и транспорт
Модул – Воздушен сообраќај и транспорт

Трет циклус

студиска програма – Сообраќајно – транспортно инженерство – 3 годишни академски
студии – 180 ЕКТС

4. ОТСЕК ЗА ГРАФИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН

Прв циклус

– студиска програма -Графичко инженерство и дизајн – 4 годишни академски студии
– 240 ЕКТС

Втор циклус

– студиска програма – Графичко инженерство и дизајн – 1 годишни академски студии
– 60 ЕКТС

Трет циклус

– студиска програма – Графичко инженерство и дизајн – 3 годишни академски студии
– 180 ЕКТС

5. ОТСЕК ЗА ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

Прв циклус

– студиска програма – Индустриски менаџмент – 4 годишни академски студии – 240
ЕКТС

Втор циклус

– студиска програма – Индустриски менаџмент – 1 годишни академски студии – 60
ЕКТС

Трет циклус

– студиска програма – Индустриски менаџмент – 3 годишни академски студии – 180
ЕКТС

Интердисциплинарна студиска програма –Мехатроника

Прв циклус

– студиска програма – Мехатроника – 4 годишни академски студии – 240 ЕКТС

Втор циклус

– студиска програма – Мехатроника – 1 годишни академски студии – 60 ЕКТС

Интердисциплинарна студиска програма –Информатика и техничко образование

-заедничка студиска програма со Педагошки факултет – Битола. – 4 годишни
академски студии – 240 ЕКТС – Прв циклус
– 60 ЕКТС – Втор циклус.