Press "Enter" to skip to content

ФФМ со ултиматум до Пелистер, пријава на екипа до четврток или нема настап во Прва лига

Фудбалската федерација на Македонија, денес испрати ултиматум до клубот од Битола, дека  Пелистер има рок до четврток да регистрира дванаесет професионални фудбалери (што е минимална бројка за тим кој игра во Првата фудбалска лига) или во спротивно нема да добие лиценца за настап во првата лига.

Пелистер од Битола немаат регистрирано доволен број на професионалци, па се соочуваат со голем проблем, а покрај нерепшениот правен статус, кој ќе ги купи акциите на клубот, има и проблем бидејќи по заминувањето на голем број на фудбалери и ставање на потпис со други клубови, нема фудбалери со професионални договори, а минималната граница за про-фудбалери е 12.

Пелистер до денес нема испратено информација за продажбата на акциите на странски инвеститор, по изјаснувањето на Советот на Општина Битола дека акциите сопственикот може да ги продава на берза. 

Но едно е сигурно дека доколку до четврток под договор со Пелистер нема барем дванаесет професионалци, клубот нема да добие дозвола за играње во Првата македонска фудбалска лига.

More from ВестиMore posts in Вести »