Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес едно оздравено лице, активни 5 случаи, нема нови позитивни на ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19, а во нив нема од Битола.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од Битола е само еден.

Битола до сега има 6.310 лица позитивни на ковид-19, а активни се 5 случаи.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 37 и преку “Плодност“ 32 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.

More from ВестиMore posts in Вести »