Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: на битолчанец во Австралија од гаража во Битола му украле “порше“ и “бмв“ и сообраќајни контроли

На 12.07.2021 во 10.15 часот во СВР Битола, А.Х. (58) од Австралија пријавил дека во периодот од 23.02.2020 до 12.07.2021 од неговиот дом на ул. „Борис Бастеро“ од неговата гаража биле одземени патничките возила „порше кајман С“ и „БМВ“, двете со битолски регистарски ознаки. Известен е Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12/13.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 17 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им се прекршочни платни налози. При контролата откриени се и санкционирани и 24 останати прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »