Press "Enter" to skip to content

Студирај на УКЛО, на Правен во Битола, Кичево и Струга

Избери го Правен факултет – Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга и во академската 2021/2022 година запиши се на една од студиските програми:

ПРВ ЦИКЛУС НА ПРАВНИ СТУДИИ, Кичево – 75 слободни места, Битола – 145 слободни места и Струга – 45 слободни места.

ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ПО ПОЛИТИЧКИ НАУКИ И ДИПЛОМАТИЈА (во фаза на акредитација): Кичево – 30 слободни места, Битола – 50 слободни места, Струга – 20 слободни места.Повеќе информации за уписните рокови и потребните документи на следниот линк: https://uklo.edu.mk/filemanager/2021/Konkursi/Konkurs%20za%20prv%20ciklus,%202021-2022%20final%20za%20objavuvanje.pdf?fbclid=IwAR1UuVIX3e26PtTRhka8CBstBJQMoQFsP0Rd23ZSVE4jeuB0303WWz87lIw

Теодор Левит, во една своја мудра изрека вели: „Иднината им припаѓа на оние кои можат да ја видат можноста, пред таа да стане вистински видлива” Затоа, во време кога човек треба да донесе една од најзначајните одлуки во својот живот, а тоа е која професија да ја одбере, треба да се направи мудар избор. За да го олесните вашиот избор, еве неколку причини зошто секој што се запишува на УКЛО и сака да студира ПРАВО или ПОЛИТИЧКИ НАУКИ И ДИПЛОМАТИЈА, треба да го избере  Правниот факултет – Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга.

Студиите по право и студиите по политички науки и дипломатија обезбедуваат квалитетно образование, стекнување на современи знаења и широк спектар на професии. Освен традиционалните професии од сферата на правото и правосудството со завршувањето на нашиот Правен факултет ќе бидете во можност да земете активно учество и во други професии во сферата на општествено-политичкиот живот, деловниот свет, меѓународните организации, граѓанските организации, образованието и науката. Нови професии постојано се создаваат, затоа што правото и политичките науки го следат развојот на технологијата и општеството.

СОВРЕМЕНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ВО ТРИТЕ ЦИКЛУСИ НА СТУДИИ

Правниот факултет влезе во втората деценија на постоење и успешна работа. Тој е акредитиран за сите нивоа на студии и нуди студиски програми за додипломски, постдипломски и докторски академски студии, https://pfk.uklo.edu.mk/web/

Прв циклус: ПРАВНИ СТУДИИ (https://pfk.uklo.edu.mk/web/prv-ciklus/)

По завршувањето на академските студии од првиот циклус, студентите се стекнуваат со назив дипломиран правник (240 ЕКТС кредити).

Прв циклус: ПОЛИТИЧКИ НАУКИ И ДИПЛОМАТИЈА (во фаза на акредитација)

По завршувањето на академските студии од првиот циклус, студентите се стекнуваат со назив дипломиран по политички науки и дипломатија (240 ЕКТС кредити).Втор циклус едногодишни академски студии: КАЗНЕНО ПРАВО И КРИМИНОЛОГИЈА

(https://pfk.uklo.edu.mk/web/wp-content/uploads/2020/09/IIciklus_kaznenopravokriminologija_s_programa_2019.pdf ). По завршувањето на студиите од втор циклус, студентите се стекнуваат со назив магистер по правни науки од областа на казненото право и криминологија(со вкупно 300  ЕКТС кредити).Втор циклус едногодишни академски студии: БИЗНИС ПРАВО (https://pfk.uklo.edu.mk/web/wp-content/uploads/2020/10/Studiska-programa-Administrativno-pravo-i-administracija-II-ciklus-PFK-UKLO.pdf )

По завршувањето на студиите од  втор циклус, студентите се стекнуваат со назив магистер по правни науки од областа на бизнис правото (со вкупно 300  ЕКТС кредити).

Втор циклус едногодишни академски студии: АДМИНИСТРАТИВНО ПРАВО И АДМИНИСТРАЦИЈА (https://pfk.uklo.edu.mk/web/wp-content/uploads/2020/10/Studiska-programa-Administrativno-pravo-i-administracija-II-ciklus-PFK-UKLO.pdf )

По завршувањето на студиите од  втор циклус, студентите се стекнуваат со назив магистер по правни науки од областа на административното право и администрацијата (со вкупно 300  ЕКТС кредити).

Втор циклус едногодишни академски студии: ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ДЕМОКРАТИЈА (https://pfk.uklo.edu.mk/web/wp-content/uploads/2020/10/IIciklus_cpd_s_programa_2019.pdf )

По завршувањето на студиите од  втор циклус, студентите се стекнуваат со назив магистер по правни науки од областа на човековите права и демократијата (со вкупно 300  ЕКТС кредити).Трет циклус: МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И МЕЃУНАРОДНАПОЛИТИКА

(https://pfk.uklo.edu.mk/web/wp-content/uploads/2020/10/IIIciklus_studiska_programa.pdf )

По завршувањето на академските студии од  трет циклус, студентите се стекнуваат со назив доктор на правни науки од областа на меѓународното право и меѓународната политика.

Трет циклус: КАЗНЕНО ПРАВО И КРИВИЧНА ПРАВДА (во фаза на акредитација)

По завршувањето на академските студии од  трет циклус, студентите се стекнуваат со назив доктор на правни науки од областа на казненото право и кривичната правда. Трет циклус: АДМИНИСТРАТИВНО ПРАВО И АДМИНИСТРАЦИЈА (во фаза на акредитација)

По завршувањето на академските студии од  трет циклус, студентите се стекнуваат со назив доктор на правни науки од областа на административното право и администрацијата.НАСТАВЕН КАДАР

Наставно-соработничкиот кадар на Правниот факултет го сочинуваат експерти во различни сфери на правото и општествените науки (политички науки, безбедносни науки, економија, социологија и др.). Многу од нив се  членови на меѓународни стручни и научни организации, асоцијации и институции и активно дејствуваат во домашната и меѓународната научна заедница.

ОБРАЗОВАНИЕ

Само книга не е доволнo за учење!  Токму затоа, на Правниот факултет, студентите имаат можност да се стекнуваат со теоретски и практични правни знаења,да развиваат елоквенција, дигитални вештини, вештини за дебата, аргументирање и расудување и за таа цел се ангажираат врвни надворешни експерти од областа на правото. Дополнително, факултетот има потпишано договори за соработка со правосудните органи, регионалните и локалните единици на самоуправа, адвокати, нотари, извршители, како и претставници од деловниот и граѓанскиот сектор, каде студентите може да следат пракса.

Покрај таквото клиничко образование, студентите учествуваат и во симулирани судења, натпревари, обуки, а сето ова додава на вредноста на студиите, што на крајот води до побрзо вработување на дипломираните студенти.

МОБИЛНОСТ

Една од главните одлики на ЕКТС системот е можноста за мобилност на студентитте и за следење настава на странски факутети со коишто Правниот факултет има потпишано билатерални меѓуинституционални Е+ договори или со кои сораббтува во рамките на мрежи како што се CEEPUS  и  сл.

СТУДЕНТСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Гласот и ставот на студентите се најбитна и најдемократска алатка на Правниот факултет. Динамичноста на работењето на Факултетското студентско собрание, како и безрезервната поддршка од наставниот и административниот кадар, резултираат со подобрување на образовниот систем и остварување на интересите на студентите.

ПРОСТОРНИ УСЛОВИ

Од минатата академска година, Правниот факултет започна да работи во реконструирана зграда, со одлични и современи услови за одвивање на наставата.

Ова е само дел од она што го нуди Правниот факултет, па доколку сте заинтересирани, посетете ја нивната веб-страница (http://pfk.uklo.edu.mk/web/), следете ги на Facebook (https://www.facebook.com/pfkuklo/) и истражете сè што ве интересира! БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД УСПЕШНА ПРИКАЗНА!