Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: трки со мотори, пронајдена стара граната, нарушување на јавниот ред, каснување од куче скитник, палење на слама

На 14.07.2021 во СВР Битола е пријавено дека во кругот на основно училиште во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со викање и кршење од поголема група малолетници кои, според пријавата, на истото место правеле трки со мотори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.07.2021 во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Довлеџик“, била пронајдена стара артилериска граната, која е безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, при што било констатирано дека станува збор за артилериска граната со кал.75 мм од Првата светска војна.

На 13.07.2021 во Полициска станица Битола Е.Т. (69) од Битола пријави дека на ул.„16-та“ била касната од куче скитник.

На 13.07.2021 во 11.00 часот, во СВР Битола, Д.Д (35) од с. Долно Оризари, битолско, пријави дека на 12.07.2021 го забележал неговиот соселанец кој се обидел да запали слама во близина на неговите возила, но бил спречен во намерата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.07.2021 во близина на паркинг простор кај тунелот на патот А-3 Битола-Прилеп, во близина на место викано „Германски гробишта“, 28 жена од Скопје го нарушила јавниот ред и мир. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »