Press "Enter" to skip to content

Уписи на УКЛО, Ветеринарен факултет – Битола

Ветеринарниот факултет – Битола  во новата академска  2021/2022 година ги отвора вратите за  45 нови студенти, https://www.uklo.edu.mk/news/view/1501.

Од Факултетот нагласуваат дека секој што ја сака оваа професија е добредојден, а Факултетот секој нов студент го дочекува  како дел од  едно семејството што е вклучено во исклучително благородна мисија. Ветеринарниот факултет – Битола едуцира стручни и научни кадри од областа на ветеринарната медицина и нуди професионално ориентирани програми насочени кон обезбедување висок квалитет на наставните програми.Деканот на факултетот, Никола Караболовски оценува дека трендот за интерес кон ветеринарната професија  произлегува од можностите што таа ги дава, но, потенцира дека тоа е струка којаштон нуди  и нешто повеќе и  произлегува од  хуманиот предзнак на професијата доктор по ветеринарна медицина, а тоа е љубовта кон жвотните. Тој нагласува дсека грижата за животните  најдиректо е поврзана со здравјето како јавно добро што на  ова занимање му дава уште една, дополнителна вредност. Средношколците кои планираат да студираат на Ветеринарниот факултет во Битола треба да знаат дека сите капацитети, ресурси и кадарот на високообразовната институција се ставени на располагање на студентите за да стекнат знаења со кои ќе можат поуспешно да одговорат на барањата во областите на ветеринарната медицина имајќи го во предвид фактот дека докторите по ветеринарна медицина денес во вкупното современо сточарство имаат сѐ поголемо значење.Прецизирајќи зошто е добро да се студира на Ветеринарниот факултет во Битола за кандидатите заинтересирани за овие студии  Факултетот со презентација што е достапна на веб страницата http://vfb.uklo.edu.mk/.  ги запознава сите  заинтересирани со условите, начинот можностите и бенефитите од изборот на оваа благордна професија, На тој начин матурантите  директно и непосредно може да добијат одговори на најважните прашања поврзани со студирањето и поволностите и перспективите што ги нуди студирањето на Ветеринарниот факултет. Осебно важни се и информациите дека Факултетот пристапи  кон новиот концепт на додипломски студии, а наставниот план и програма се приспособени на европскиот систем на образование (ЕКТС), заради фактот што докторот по ветеринарната медицина претставува регулираа професија.Новиот концепт на студирање ѝ придава поголемо значење на практичната настава, се пристапува кон воведување аспекти на истражување и развој, како и иновирање на процесот на работа, со перманентно усовршување благодарение на набљудувањето, водењето и помагањето на студентот како и градење партнерски однос и соработка со корисниците на услуги.Во пресрет на уписите, пораката од Ветеринарниот факултет за основа ја има  познатата максима на Луј Пастер: ЛЕКАРОТ ГО ЛЕЧИ ЧОВЕКОТ, А ВЕТЕРИНАРОТ ЧОВЕШТВОТО!