Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ – Битола преку донација ќе ги подобрува условите на инфективното одделение

Денес во просториите на КЈП “Водовод“ од Битола од страна на директорот на ова јавно претпријатие, Горан Козаров и директорката на Клиничката болница од Битола, Билјана Гагачевска, беше потпишан договор за донација за подобрување на состојбата и условите за пациентите во Инфективното одделение, кое е Регионален ковид центар. 

За оваа донација, во висина од 400.000 денари, директорот, Горам Козаров, по потпишувањето рече:-Ова не е прва донација  која ја дава КЈП “Водовод“ за Клиничката болница во Битола, лани имавме динација од 1,2 милиони денари за изведување на комплетна водоводна инфрастуркура за модуларната ковид болница, а тоа беше во интерес на граѓаните со оглед на се што ни случуваше во тој период. Во тој период бевме сведоци на грдите слики кои се појавија, дали се реални и не реални ќе се докаже, и ние се одлучивме да помогнеме сега кога нема пациенти на Инфективното одделение, да реновираме еден компетен санитарен јазол на еден од спратовите. Подготвителните работи се веќе започнати и за околу две седници се ќе биде завршено. Тоа нас, како јавно претријатие ни е обврска, уште повеќе поради најавите дека не очекува нов бран.

Директорката Гагачовска рече:-Пандемијата која се случи во 2020 година, нас не затекна во услови кои што за жал, изградена одамна зграда, изградена во 1972 година, а биле оставена на забот на времето, која многу добро ни послужи. Уловите беа такви какви беа, но сега кога сме во можност да се ги подобруваме условите. Искажувам благоданост кон КЈП “Водовод“ за оваа донација, како и за претходната за модуларната болница. Сега на располагање ја имаме модуларната болница, но ги имаме и другите болести кои се редовни во овој период на годината и се лекуваат во Инфективното одделение. 

Покрај донацијата од ЈКП “Водовод“, директорот Козаров најави и негова лична донација, како задоволен пациент кој ковидот го прележа на Инфентивно, а неговата лична донација заедно со “Бител Сат“ е клима уред за Интерното одделение.

More from ВестиMore posts in Вести »