Press "Enter" to skip to content

И денес мирно во Битола, нема нови позитивни и оздравени од ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на КОВИД-19, а во нив нема од Битола.

Регистрирани сe 8 оздравени пациенти, нема од Битола, а исто така нема промена и во бројот на активни случаи, остануваат 4.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 39 и преку “Плодност“  31 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.866, бројката на оздравени пациенти е 150.154, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 225.

More from ВестиMore posts in Вести »