Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: злоупотреба на дебитна картичка и два физички напади

На 14.07.2021 во СВР Битола, Б.Г. (46) од Битола пријави дека едно лице на повеќе локации ја злоупотребило неговата дебитна картичка, која тој претходно ја изгубил, со што го оштетил пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2021 во СВР Битола е пријавено дека во близина на место викано „Шик Лавци“ 29 лице од Битола бил физички нападнат од страна друго лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2021 64-годишна жена од Битола пријави дека е физички нападната од нејзиниот син во нивниот дом на ул.„Димче Лахчански“ во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »