Press "Enter" to skip to content

Се асфалтираат улиците “Смилевски конгрес“, “Младински бригади“ и дел од “Илинденска“

Во тек е  финалната фаза од реконструкцијата на улиците „Смилевски конгрес“ и „Младински бригади“, со што се затвора потегот од делот на ул. „Партизанска“ до ул.„Довлеџик“. За прв пат во градот на овој потег, се врши асфалтирање со асфалт кој содржи современи сврзни елементи, кои гарантираат долгогодишна истрајност на коловозот.

Исто така денес се асфалтира и дел од “Илинденска“ од Еврејските гробишта до спојот со “7. јули“.Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, заедно со тимот задолжен за реализација на проектот, изврши увид во асфалтирањето на овие улици и беше запозната со динамиката на работа и техниката на изведба.

Паралелно со оваа градежна активност, се работи на повеќе локации во градот на рехабилитација и реконструкција на улици. 
More from ВестиMore posts in Вести »