Press "Enter" to skip to content

Уписи на УКЛО-создаваме иднина, Факултет за туризам и угостителство – Охрид

„Не пропуштајте да студирате на Факултетот за туризам и угостителство – Охриди да се стекнете со диплома која е призната насекаде во светот“ e меѓу слоганите со кои ФТУ го свртува вниманието кон себе и привлекува нови студенти за академската 2021/2022 година.

Посветен на највисоките образовни принципи, најстарата високообразовна институција од областа на туризмот и услужните дејности – ФТУ ги запознава кандидатите со дел од предностите со кои располага, за да се запишат и да студираат на овој факултет. Притоа, посебно се потенцираат: целосната имплементација на Болоњската декларација, диплома со академски степен (Bachelor), студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС), меѓународна мобилност во наставниот процес, стипендии за најдобрите студенти, можност за студирање на рати.Деканот на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, проф. д-р Цветко Андреески нагласува дека со вклученост на сите вработени, на студентите им се обезбедува квалитетно образование со кое се јакнат интелектуалните и професионални вештини во услови на силна глобална конкуренција. Во пораката до новите студенти зоштода го изберат ФТУ, од оваа единица велат дека обезбедуваат стимулативното работно опкружување кое поттикнува инвентивност и образовна извонредност. Бидејќи Факултетот остварува креативни партнерства со економијата, јавниот сектор и други граѓански и општествени субјекти, на студентите им се нуди можност да се профилираат како активни и креативни чинители во согласност со принципите на етиката и социјалната одговорност кои во овие современи и видоизменети услови на живеење се исклучително важни.

Во рамките на Конкурсот за упис на студенти во прва година во академската 2021/2022 година на УКЛО https://www.uklo.edu.mk/news/view/1501, ФТУ нуди академски студии за: Туризам, Осигурување, Царина и шпедиција, Менаџмент во услужен сектор со профилите: Финансиски менаџмент, Промотивен менаџмент, Менаџмент во култура, Логистички менаџмент како и студиските програми, Гастрономија, Хотелско-ресторански менаџмент, изготвениврз основа на анализа на сродни студиски програми во врвни универзитети во светот.За изведување на наставата на студиските програми од прв циклус на студии, факултетот располага со наставнички кадар од близу 40доктори на науки, а за потребите на наставата факултетот ангажира и дополнителен број наставници во соодветни области, како и експерти од стопанството во делот на практичната и клиничката настава.

Во насока на доближување до потенцијалните студенти од ФТУ ги истакнуваат и разликите кои го издвојуваат од другите ипретставуваат своевиднаконкурентска предност. Меѓу позначајните секако е и тоа што ФТУ, сместен во градот на Словенскиот универзитет, има своја  традиција од пет децении. Факултетот за туризам и угостителство нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија.

Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом „Никола Карев“ се прилика која ретко кој друг факултет може да им ја овозможи на своите студенти.

Во новата адемска 2021/2022 наставата на ФТУ почнува во реновирани училници со целосна опременост за одржување на квалитетна настава.