Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер го “фати“ рокот, регистрира фудбалери во ОФС, утре во ФФМ, вторник добива помош од Општината

Управата на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, денес го запази рокот за пријавување на минимален број на професионални фудбалери кои ќе играат за клубот во наредната прволигашка сезона 2021/22.

ФК Пелистер денес регистрира фудблери во Општинскиот фудбалски сојуз во Битола, а утре регистрациите ќе бидат потврдени и во стручните служби на Фудбалската федерација на Македонија, а со тоа е исполнет условит за играње во Прва лига.

Фудбалерите кои се пријавени да играат за Пелостер се дел од кои настапуваа за клубот минатата сезона, а дел се од младинскиот погон на клубот.

За вторник е закажана седница на Советот на Општина Битола со една точка на дневниот ред, а тоа е донесување на Одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност на Договорот за доделување на финансиски средства на акционерските спортски друштва Бр.09-65/3 од 17.07.2020 година.

More from СпортMore posts in Спорт »