Press "Enter" to skip to content

И денес во Битола без нови позитивни и оздравени од ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.470 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.

Регистрирани сe 5 оздравени пациенти, нема од Битола.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 31 и преку “Плодност“  39 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција во Битола, заболени (вкупно) е 6.310,  а активни случаи се 4.

More from ВестиMore posts in Вести »