Press "Enter" to skip to content

На стартот во Битола “братско“ дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2

Како и беше закажано, денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа извлекувањето на редните броеви за одредување на редоследот на натпреварите во новата сезона на Суперлигата, каде ќе играат и двете екипи од Битола, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Веќе се познати и комплетиани сите 22. кола од регуларниот дел од шампионатот, а во првото коло од новата ракометна сезона, која ќе започне на 8 или 9 септември, во Битола ќе се игра клубско-градско дерби, или братско, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, а “домаќини“ ќе бидат поискусните ракометари.

Вечните дерби помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе биде во 4. коло, кое за закажано за 25 или 26 септември, а ќе се игра во Скопје.

До крајот на 2021 година ќе се одиграат 17 од вкупно 22 кола, како и едно коло од Купот на Македонија, а во февруари ќе започне плеј-офот.

More from ВестиMore posts in Вести »