Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади, приведувања за поседување марихуана и напад на полицајци

На 15.07.2021 во Полициска станица Битола, Ф.С. (30) од Битола и С.Ѓ. од Скопје пријавија дека на ул. „Партизанска“ во Битола, поради недоразбирања во сообраќајот, физички биле нападнати од 39 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.07.2021 во Полициска станица Битола, Д.Б.(21) од с.Д.Оризари, битолско, пријави дека на ул. „Солунска“ во Битола физички бил нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2021 во СВР Битола А.В. (56) од Битола пријави дека нејзиниот малолетен син на ул.„Партизанска“ во Битола бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2021 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода 28 годишник од Битола, бидејќи при негов преглед биле пронајдени и одземени две опаковки марихуана. Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

На 15.07.2021 во Полициска станица Битола бил приведен 47 годишник  од Битола, кој претходно, на ул. „Рузвелтова“ во Битола, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.