Press "Enter" to skip to content

Филип Ивановски од Битола го комплетира голманското трио на Еурофарм Пелистер

Филип Ивановски, досегашниот голман на Еурофарм Пелистер 2  е прекомандуван во Еурофарм Пелистер, а со него е комплетирана новата голмаснка тројка на супер лигашот од Битола, во која покран него се и Мартон Секељи и Марко Кизиќ. Вака поставена голманска тројка е сосема различна од минатогодишната во која беа Хендави, Чанески и Трајковски.

-РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека 27-годишниот голман Филип Ивановски е најновото име во ростерот на екипата за сезоната 2021/22. Ивановски, кој е изданок на битолската школа, ги мина сите младински репрезентативни категории и во ростерот на Жељко Бабиќ доаѓа од Еурофарм Пелистер 2.  Некогашниот голман на Вардар јуниор пред четири години се врати во Битола и стави потпис на двегодишен договор со Еурофарм Работник. Следеше прогрес во тимот на Еурофарм Пелистер 2, а од понеделник Ивановски ќе ги започне подготовките со Еурофарм Пелистер, се вели во соопштението на Еурофарм Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »