Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: “опел“ излетал од патот кај Кукуречани, повредени возачот и сопатникот

На 16.07.2021 во 03.32 часот било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, пред Кукуречанска крстосница, патничко возило „опел“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (40) од Прилеп, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот 32 годишник од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »