Press "Enter" to skip to content

Ладино пејачката Сара Ароесте сними албум и два видео спота во Битола

Сара Ароесте, ладино пејачка од Израел која има битолско потекло од старо еврејско семејство, минатата година снимаше албум во Битола, а деновиве работи на два видео записи кои се снимаат на неколку локации низ Битола, каде има еврејски објекти.

Албумот посветен за Битола, насловен „Ми Монастир“, содржи 10 композиции, вклучени се околу 30 музичари. Учествуваат битолските музичари, Сефедин Бајрамов, Вевки Амедов и Мими Марковски, како и детскиот хор од градинката Естреја Овадија Мара, се снимаше во Студио “Гимел“ од Битола, а го продуцираше израелскиот продуцент Шаи Бахар.Видеата ги снима битолчанецот Александар Котевски, а ќе бидат продуцирани во Израел, каде и ќе се снимаат дел од сцените. Ароесте преку овие видеа сака да ја прикаже приказната на стара Битола, кога во градот живееле евреи, меѓу кои и нејзиното семејство, а во исто време да се пренесе и сликата на денеша модерна Битола.

Првиот видео запис на песната „Ми Монастир“, која е отпеана на Ладино јазик, се снимаше на повеќе локации низ Битола, каде има еврејски маала и куќи кои датираат од периодот кога евреи живееле во градот. Во овој видео запис се вклучени неколку девојки од Битола, како и музичарот Горан Димитровски – Гого на гитара.  На песната „Од Битола појдов“, се снима флеш моб на Широк Сокак, каде Ароесте заедно со танцовото студио „Експоуз“ од Битола со подготвена кореографија играат на Широк Сокак.

Таа ги повика и битолчани да им се придружат во снимањето на флеш мобот.Интересен е и фактот што на нејзиниот албум се наоѓа песната „Јовано Јованке“, која за прв пат е препеана на еврејски јазик.

Ароесте истакна дека иако често доаѓа во Битола, секогаш е фасцинирана од историјата и вредноста која ја поседува градот и додаде дека и понатаму ќе доаѓа во Битола за да соработува со музичари од градот и државата.

More from КултураMore posts in Култура »