Press "Enter" to skip to content

Четворица нови ракометари во Еурофарм Пелистер 2, вториот клуб во Битола

Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 од Битола за сезоната 2021/21 доведе четири нови имиња. Од Еурофарм Пелистер доаѓаат голманот Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски и Милан Ѓукиќ, а на клубот му пристапи и Андре Буторац од Голден Арт КЛ7. Сите се обврзаа на договори на една сезона.

Повеќе години во Битола е 34-годишниот Трајкоски е искусен голман, поранешен репрезентативец, 21-годишниот Кузманоски се враќа во Еурофарм Пелистер 2 по една полусезона мината во Еурофарм Пелистер, десното крило, 35-годишниот Ѓукиќ се задомаќини во Битола.

По една сезона во тимот на Голден Арт КЛ7, во својот роден град и матичен клуб се враќа и 19-годишниот десен бек, Андре Буторац. Тој своите први сениорски минути и натпревари ги одигра во дресот на Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »