Press "Enter" to skip to content

Бабиќ утре ќе прозива, старите ги задржаа броевите на дресовите, новите со нови броеви

Утре попладне тренерот на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ и дел од Управата на клубот ќе го имаат првиот работен состанок во клупските простории во Битола, пред стартот на новата ракометна сезона. Потоа ќе се одржи и првиот тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, со што и официјално почнуваат подготовките.

Екипата нема да претрпи големи промени и Жељко Бабиќ на првиот тренинг ќе има 70% од тимот со кој настапуваше Еурофарм Пелистер во минатата сезона.

Новите ракометари кои ќе го играат за суперлигашот од Битола, ги добија броевите на дресовите и ја задолжија опремата. Голманот Филип Ивановски ја доби единицата, Секељи е број 12, а Кизиќ број 98. Кубанецот Табоада ќе го облече дресот со број 97, а Јосип Божиќ-Павлетиќ ја задржува 32-ката како и во претходните клубови. Српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ ќе го облече дресот со број 74. 

Староседелците остануваат со истите броеви на дресовите како и минатата сезона. 

Битолчани ќе се подготвуваат во својот град и во Маврово, а ќе играат на традиционалниот турнир во Струга. 

More from ВестиMore posts in Вести »