Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: пожари околу Битола, гаснеа и три канадери

По големиот пожар кој беше во 2007 година, во 2011 години се случија неколку пожари кои ги потсетија битолчани на големиот пожар кој беше на работ на градот и можеше да зафати и неколку куќи, а кој однесе и еден човечки живот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Пожари имаше кон крајот на јули на влезот на Битола од страната на Охрид, каде имеше сериозна опасност да се прошири, но поучени од претходниот голем пожар, противпожарните служби реагираа на време, а беа ангажирани и трите канадери, специјализирани авиони за гаснење пожар, вели Миновски.Авионите вода полнеа од Стежевското езеро, а потоа со голема брзина се враќаа и гаснеа над сегашната безнинска пумпа на “Лук Оил“, околу шумскиот пат кој води кон Снегово.-По  некое време имаше и нов пожар во потпелистерието, а најмногу штета имаше во атарот на село Ротино, има запишано Миновски во својот новинарски бележник, а додава:-За среќа на сите нас од тогаш се немаат случено толку големи пожари, а секако тоа се должи на работата на институциите, но секако и поради поголемата свест на битолчани, за опасносносите од пожарите и последиците од нив.

More from БитолаMore posts in Битола »