Press "Enter" to skip to content

И во денешната статистика за ковид-19 ја нема Битола

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19, а нема од Битола.

Регистрирани сe 2 оздравени пациенти, нема од Битола, а остануваат 4 активни случаи.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се ЦЈЗ Битола 60, а преку “Плодност“ 47 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.

More from ВестиMore posts in Вести »