Press "Enter" to skip to content

 Спектакл концерт на балканската звезда Релја Поповиќ во Битола (фотогалерија)

-“Луѓе се гледаме на 17-ти ! Македонија, Битола, дојдете ќе направиме спектакл како и секогаш“, им порача  на своите фанови Релја Поповоќ со  видео порака до битолската публика во најавата  на својот прв концерт, а така и беше.Синоќа, за прв пат со концерт под отворено, на сцената на Ракометното игралиште српската и балканска звезда Релја Поповиќ направи спектакл пред битолската публика.Дождот кој започна непосредно пред концертот не ги спречи фановите, поголемиот број тинејџери да го наполнат ракометното игралиште.Релја Поповиќ еден од најактуелните артисти на Балканот, пејач и глумец, миленик на женската публика и еден од предводниците на револуцијата во популарната српска музика, автор на најпознати актуелни хитови.Фановите ги пееја заедно со него хитовите “Медуза“, “Ми амор“, “Такви као ја“, “Мариа“, “Туге из Porschea“, “Made in Balkan“…-Ова што се случува вечерва, ваков спектакл и атмосфера немам доживеано во последните 20 до 25 години, а сум присуствувал на многу настапи на повеќе звезди. Младите се зажелени да ја доживеат музиката на концерт со енергија и позитивни вибрации, ова може само да се доживее, не може да се искажа со зборови, е оценката на дел од организаторите. Концертот беше во организација на ноќниот клуб “Расчекор“ од  Битола во соработка со ниќниот клуб “Clique“ од Штип. Warm up : DJ Chiko After Party : DJ Ollie.Атмосферата ви ја доловуваме низ галерија фотографии кои кажуваат многу повеќе од зборовите низ текстот.

Текст и фото:  Дамијана Ристевска

More from ЗабаваMore posts in Забава »