Press "Enter" to skip to content

Денес 2 оздравени пациенти, само 2 активни случаи во Битола, нема нови позитивни на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.

Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од кои од Битола се 2 пациенти, а со тоа во Битола остануваат уште 2 активни случаи.

Не се регистрирани починати пациенти.

Вчера. недела, не беа правени ковид тестови во ЦЈЗ Битола и “Плодност“.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.

More from ВестиMore posts in Вести »