Press "Enter" to skip to content

Започнаа подготовките на Еурофарм Пелистер, шест нови ракометари во Битола (фотогалерија)

Екипата на Еурофарм Пелистер попладнево во Битола ги започна подготовките за наредната сезона под раководство на тренерот Жељко Бабиќ, на кој на првата прозивка во клубските простории му се јавија старите ракометари, засилени во шестемина новајлии.Пред прозивката на Бабиќ, кој ги соопшти и планот за подготовки, на ракометарите им се обрати директорот на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, кој на старите ракометари им посака нова успешна сезона, на новајлиите убави денови во Битола, секако проследени со успешна кариера, а не пропушти и да им честита на Ојлевски и Маџовски кој за време на летниот одмор стапија во брак.Бабиќ на ракометарите им го соопшти планот за подготовки кој ќе се одвиваат во Битола, Маврово, ќе се играат подготвителни натпревари, ќе се учествува на Струшкиот турнир, а секако тука е супер купот со Вардар и натпреварот од СЕХА лигата против Мешков Брест.За наредната сезона во која Еурофарм Пелистер ќе се натпреварува на пет фронта – Суперкуп, Куп на Македонија, СЕХА лигата, Европската лига и Суперлигата, Бабиќ рече: -Добро е што сезоната ќе ја започнеме со натпревар од Суперкупот. Мислам дека и за нас и за Вардар е многу добро да започнеме со трофеј. На тој натпревар ќе го дадеме максимумот и ќе направиме сè за да извојуваме победа. Против Мешков Брест знаеме дека ќе ни биде многу тешко, но се разбира дека сакаме да ја минеме и таа фаза во СЕХА лигата и да стигнеме до Задар. Јас како тренер секогаш сакам да победувам. Некогаш успевам во тоа, некогаш не. Меѓутоа, уверен сум дека Еурофарм Пелистер направи одлична работа минатата сезона, а уверен сум дека оваа ќе направи уште поголема. Дали тоа ќе биде доволно за трофеј, ќе видиме на крајот од сезоната. Тренерот Жељко Бабиќ по прозивката со соработниците во спортската сала “Боро Чурлевски“ го одржа и првиот тренинг, на кој сите на кои смета оваа сезона, а и комплетното ново голманско трио. -Мислам дека е добро што поголемиот дел од ростерот остана ист и немаше многу промени. Што се однесува до голманите, бевме одлично покриени на тоа место минатата сезона, но спортските околности се такви и моравме да менуваме. Сепак, сметам дека и оваа голмански тројка е многу квалитетен. Засега не можеме многу да зборуваме за квалитетите и начинот на игра на тимот. Само што започнавме со подготовките, но мислам дека набрзо ќе ја имаме првичната слика и ќе воочиме кои се нашите предности и слабости. Работејќи дома ова лето, извлеков поука од ПИК Сегед, тим кој имаше лоша сезона, но на крај стана шампион.  Тоа е процес на кој треба да бидеме фокусирани и да работиме многу квалитетно, а и да бидеме трпеливи. Многупати се покажало тоа дека оние кои се трпеливи, на крај профитираат. Имаме многу добар тим, многу подобар од минатата сезона и убеден сум дека оваа ќе биде многу добра за Еурофарм Пелистер, рече Бабиќ.По стартот во Битола до 23 јули ракометарите тука, од 23 до 30 јули во Маврово, а од 1 август до 11 август се на програма пријателските средби. На 11 август е Супер купот  против Вардар, а потоа и СЕХА натпреварот на 21 август.

More from СпортMore posts in Спорт »