Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: украдени пари од јавно претпријатие, два физички напади, 179 возачи возеле побрзо од дозволеното, 48 без возачка

На 19.07.2021 во СВР Битола било пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во деловни простории на ул. „Солунска“, сопственост на Јавно претпријатие од Битола, при што биле одземени пари. Увид извршила екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.07.2021 во СВР Битола, 30 годишник  од Битола пријавил дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола бил физички нападнат од соседот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.07.2021 во СВР Битола, 53-годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од сопругот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16/17/18 јули на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 179 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 48 возачи управувале возило без возачка дозвола, 11 возила биле со измината регистрација, шест возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, 46 возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.