Press "Enter" to skip to content

Уписи на УКЛО, Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола

Живееме во време кога познавањето и примената на информатичко комуникациските технологии во современиот свет претставува еден од основните елементи на писменост и култура на човекот. информатичко комуникациските технологии даваат добра основа за делотворна и креативна примена на знаењата.

Токму затоа, младите луѓе денес повеќе од било кога се одлучуваат да студираат информатички и комуникациски науки, зашто светот благодарение на информатиката функционира како „глобално село“. Покрај овие непобитни факти, популарноста, средношколците да изберат да се запишат и да студираат на факултет како што е ФИКТ се потврдува секојдневно. Студиите на ФИКТ се мошне атрактивни и не случајно се во категоријата студии за иднината, дотолку повеќе што и Ковид кризата евидентно ни покажа дека придвижувања и раст се возможни меѓу другото и со информатичко реосмислување на организацијата на работа и забрзано прифаќање на дигиталните решенија.Со стекнувањето диплома на ФИКТ веднаш по дипломирањето младите луѓе го започнуваат и својот професионален пат бидејќи побарувачката на информатички, стручен кадар е потреба за секоја сериозна и одговорна компанија. Воедно, со добрите финансиски бенифиции што ќе ги стекнат по вработувањето, дипломираните студенти од ФИКТ стекнуваат самостојност, уште поголема сигурност и лична сатисфакција.

Ова меѓу другото го потенцира деканот на ФИКТ, проф. д-р Александар Маркоски кој ја охрабрува генерацијата матуранти да студираат на ФИКТ зашто верува дека младите знаат дека информатичките знаења не се само глобален тренд, тоа се занаења поврзани со иднината на секое општество.Од Факултетот потсетуваат на идејата дека само преку најновите технологии може да се придонесе и за социјален и економски напредок во новиот дигитален свет. Дополнително, студентите од ФИКТ немаат проблем со вработувањето, платите во ИТ секторот се убедливо највисоки, а вратите на овие стручњаци им се отворени во цел свет.Во новата академска 2021/2022 година ФИКТ нуди наставни програми од т.н. хоризонтален тип коишто даваат солидни основи во различни сегменти на информатичките технологии: програмирање, дизајнирање, информациски системи, интернет технологии, интернет на нештата, вештачка интелигенција, компјутерски мрежи, безбедност на ИТ системи, компјутерски хардвер итн.

Токму оваа, атрактивна и современа студиска понуда овозможува ФИКТ да им нуди на студентите широк спектар знаења кои понатаму, претставуваат можност за нивно брзо вработување и дополнително, професионално усовршување.Според годинашниот Конкурс за упис на нови студенти на УКЛО, https://uklo.edu.mk/news/view/1501, ФИКТ нуди академски четиригодишни студии за Информатички науки и комуникациско инженерство и академски тригодишни студии за Информатика и компјутерска техника.

Инаку, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола наставата се одвива во нова современа зграда, една од најмодерните во државата, со нова опрема и современи компјутерски лаборатории.

Во текот на студирањето студентите можат доброволно да се вклучат во студентски проектни групи кои работат на реални проекти менторирани од ИТ фирмите во регионот и професорите на ФИКТ. Најголемиот број на студенти кои успешно ќе ја завршат менторската програма остануваат и да работат во фирмите кои ги менторирале.