Press "Enter" to skip to content

Јовиќ прозиваше, Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките

Денес попладне во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ започнаа подготовките на  Еурофарм Пелистер 2 под водство на тренерот Александар Јовиќ.  Еурофарм Пелистер 2 во наредната сезона ќе има ист стручен штаб, но со изменет играчки кадар, а како новајлии – засилувања за втората екипа се Благојче Трајкоски, Милан Ѓукиќ и Цветан Кузманоски, а нов член на Еурофарм 2 е и десниот бек на Голден Арт, Андре Буторац.Екипата на Александар Јовиќ ќе се бори за место во разигрувањето, а тренерот Јовиќ на стартот на подготовките рече:

-Ова лето Еурофарм Пелистер 2 заврши одлична работа. Направивме одличен концепт на млади и искусни играчи и со добра и посветена работа може да имаме успешна сезона. Со самото учество на Еурофарм Пелистер и Вардар уште од самиот старт на шампионатот мислам дека ова сезона Суперлигата ќе биде доста поквалитетна од претходните. Има многу екипи кои ќе атакуваат на првите шест места кои водат во плеј-офот, па затоа би било неблагодарно да прогнозираме како ќе се одвива сезоната. Оваа сезона ќе имаме една од најмладите бековски линии во првенството исè зависи од тоа како ќе се воиграме. Младите ќе имаат максимална поддршка и минутажа, па ќе видеме како тие ќе одговорат на овој предизвик. Ако ни се пружи шанса за плеј-оф, секако дека ќе ја искористиме.Според планот на подготовки, првата фаза од тренинзите ќе се одржи во Битола, во периодот од 19 до 31 јули, по што на 1 август тимот ќе замине за Маврово. Од 11 август избраниците на Јовиќ ќе почнат со подготвителни натпревари, засега се закажани две средби со Прилеп, една со Пролет, како и учество на меѓународниот турнир „Миле Нешковски“.

More from СпортMore posts in Спорт »