Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно со сончеви периоди, попладне можна нестабилност, утре сончево и стабилно

Денес, вторник, 20 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 30 степени. УВ=7.

Утре, среда, 21 јули, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 30 степени. УВ=8