Press "Enter" to skip to content

Денес 79. седница на Советот на Општина Битола, одлука за доделување на пари на ФК Пелистер

Претседатлот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес со почеток во 12 часот ја закажа 79. седница на Советот на Општина Битола, на која е предложено да има само една точка на Дневниот ред.

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот, а ќе се расправа и донеде одлука за  дополнување на Одлуката за давање согласност на Договорот за доделување на финансиски средства на акционерските спортски друштва Бр.09-65/3 од 17.07.2020 година, односно за доделување на, колку што беше неофицијално соопштено, 2 милиони денари за фудбалскиот клуб Пелистер.